Пораз (2-1) од Брегалница во Штип
Работнички доживеа пораз (2-1) од Брегалница во Штип во десеттото коло од Првата фудбалска лига. По ова коло следи репрезентативна пауза.
Брегалница поведе со голот на Колин Андерсон во 15.минута. Напаѓачот на домашните се снајде најдобро во шеснаесетникот и одбиената топка од голманот Алексовски ја смести во мрежата.
Работнички се врати резултатски во 31.минута. Долгата акција на крајот со гол ја круниса Атдхе Мазари.
Во второто полувреме и двата тима тргнаа по три бода, а славеше Брегалница. Во 72.минута, Вебстер постигна гол со удар со глава и донесе триумф за противникот.