Игор Стојчевски ќе го суди мечот Работнички – Вардар
Работнички в недела, со почеток во 14 часот, ќе го пречека Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Димитријевиќ (Скопје) и Дарко Јовчевски (Тетово). Четврти судија ќе биде Јосип Бартон (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Абдула Сакипи од Липково, а контролор на судењето ќе биде Зоранчо Илиевски од Битола.