Куп: Работнички ќе ја пречека Шкендија на теренот на ФФМ, ќе суди Александар Грујоски
Работнички утре (14 часот) ќе биде домаќин на Шкендија во осминафиналето на Купот на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија е Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Давор Цветаноски и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски (сите од Кичево).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Златановски од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Горан Манасиев од Велес.