Стојанче Трпчевски ќе го суди мечот Шкупи – Работнички в недела
Работнички во 12.коло од Првата фудбалска лига в недела (13 часот) му гостува на Шкупи на Чаир. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов. Четврти судија е Александар Василевски од Скопје.
За делегат на натпреварот е одреден Ненад Крстевски од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.