Александар Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Силекс в сабота
Работнички во 13.коло од Првата фудбалска лига в сабота (13 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на тимот на Силекс. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија е Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија е Дарко Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Перески од Прилеп, а контролор на судењето ќе биде Никола Караколев од Штип.