Крумислав Ѓоргиев ќе го суди куп-натпреварот Работнички – Шкупи
Работнички утре (13 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека Шкупи во четвртфиналето на Купот на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија е Крумислав Ѓоргиев од Штип, а ќе му помагаат Кристијан Џонов (Штип) и Андреј Ќамилов (Велес). Четврти судија е Боби Величков (Велес).
За делегат на натпреварот е одреден Емин Кранли од Ресен, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.