Работнички елиминиран во четвртфиналето на Купот
Работнички е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Македонија откако загуби на теренот на ФФМ од Шкупи со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Марио Младеновски во 15.минута.
Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Алексовски по корнерот на Али Адем од левата страна.
Шкупи имаше уште неколку изгледни шанси во првото полувреме. Исах Кука двапати не успеа да реализира од непосредна близина, а одличен обид имаше и Арби Воша.
Во второто полувреме Работнички се обиде да притисне и да дојде до израмнување. Најубавата шанса ја имаше Егзон Белица во 75.минута, кога шутираше од пеналтикот, но топката сепак беше блокирана на патот кон голот. Фудалерите на Работнички бараа пенал во оваа ситуација, но судијата сепак не покажа на белата точка.
Одлична шанса создаде и Стефан Деспотовски, кој уфрли од десната страна, но Гандо Биала не успеа да стигне навреме за да ја испрати кон голот.