Ндерим Тефику ќе го суди мечот Македонија ЃП – Работнички в недела
Работнички во 14.коло од Првата фудбалска лига в недела гостува кај Македонија ЃП. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот е Ндерим Тефику од Куманово, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески од Тетово. Четврти судија е Фуркан Идризи од Тетово.
За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев од Валандово, а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски од Велес.