Прва радост под водство на Седлоски: Триумф (1-0) против Брера
Работнички оствари триумф од 1-0 против Брера Струмица во 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тоа е прв триумф за нашиот тим под раководство на новиот тренер Гоце Седлоски. Стрелец на победничкиот гол беше Ермедин Адем во 70.минута од натпреварот.
Во првото полувреме се играше цврсто, фокусот беше на средината на теренот и екипите не успеаја да создадат стппроцентна шанса за погодок.
Во вториот дел, Брера остана со фудбалер помалку во 53.минута, откако Нахуел Франко направи фаул над Гандо Биала како последен човек во одбраната.
Аломеровиќ се обиде од слободен удар, но беше за малку непрецизен, а водството за Работнички дојде во 70.минута.
Влатко Стојановски шутираше од работ на шеснаесетникот и го погоди дирекот, а одбиената топка Ермедин Адем ја смести во празната мрежа.
Во следното 18. коло, Работнички ќе гостува во Охрид и ќе ги одмери силите со Воска Спорт. По ова коло, ашиот тим се аоѓа на петтата позиција со 23 бода.