Влатко Илиоски ќе го суди мечот Воска – Работнички в недела
Работнички во 18.коло од Првата фудбалска лига, в недела (13 часот) ќе биде гостин на Воска Спорт на СРЦ „Билјанини извори“. Одредени се официјалните лица за овој меч.
Главен судија на натпреварот ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски (Тетово) и Александар Ѓорѓески (Тетово). Четврта судијка ќе биде Ирена Велевачковска (Прилеп).
За делегат на натпреварот е одреден Кромислав Мантароски (с. Големо Коњари), а контролор на судењето ќе биде Џенан Хајдари (Скопје).