Ветерани

https://fkrabotnicki.com/wp-content/uploads/2025/04/veterani.jpg

Здружението на ветераните неформално функционира уште од сознавањето на ФК Работнички во 1937 година.
Претседател на Здружението од неговото формирање е адвокатот Драган Поповски, генерален секретар е Ристо Поповски, а селектор е Ѓорѓи Стојановски. Од посебен интерес е да се спомене дека Здружението на ветерани на ФК Работнички е првото од таков вид во Република Македонија.

Од моментот на создавањето, здружението покажа голем развој во фудбалските активности, како и создавање и проширување на пријателски врски и релации со други фудбалски клубови од Македонија и од странство. За таа цел, има воспоставено пријателски спортски односи со екипи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, Грција, Словенија, Хрватска и Шведска.

Здружението на ветерани на ФК Работнички е и редовен учесник на традиционалниот меѓународен „Варна Куп“, што се одржува во градот Варна, Република Бугарија, секоја година. Се реализираат натпревари со тимови од Бугарија, Романија, Турција и Србија. Успешната активност на здружението продолжува понатаму се повеќе. Редовни членови на Здружението на ветерани на ФК Работнички се Димовски, Попоски, Лазаров, Милошевски, Зефиќ, М. Андревски, Д. Стојановски, Јаневски, Н. Богоевски, С. Богојевски, Џипунов, Јанев, Јовевски, Ингилизов, Бојчевски, Илиевски, Петковски, Ангеловски, Неделковски, Мицевски, Љушев, Нешовски, Цонев, Недељковиќ, М. Стојановски, Лазаревски, Скендеровиќ…

Здружението на ветераните на Работнички е формално регистрирано пред надлежен суд со одобрување број 29/05 на 18.02.2005, и е забележано во регистарот на здруженија на граѓани од фондации под регистарски број 1928 под името Работнички “Ветерани” – Скопје, со седиште во Скопје. Здружението функционира во соработка со ФК Работнички, генерално споредувајќи ги неговите политики, делегира свои членови во органите на управување на клубот, дава свои мислења, сугестии и предлози од заеднички интерес, и сето тоа со една цел, постигнување на подобри резултати и афирмација на клубот и во Македонија и во странство. Во здружението има членови од сите области на општествениот живот, вклучувајќи правници, професори, амбасадори, тренери, познати фудбалери – претставници на моќни компании, и многу други познати личности од спортот и од јавниот живот.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

April 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.