Бојан Маркоски е нов шеф на стручниот штаб

June 6, 2025

Фудбалскиот клуб Работнички го доби својот нов предводник – Бојан Маркоски е именуван за шеф на стручниот штаб и ќе ја води екипата во новата сезона. Досегашниот асистент на Горан Станиќ доби целосна доверба од раководството на нашиот клуб, откако Станиќ ја прифати функцијата селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Маркоски, кој веќе добро ја познава екипата, добива задача да ја продолжи стратегијата на клубот за развој на млади и перспективни фудбалери. Главната цел ќе биде пласман на тимот во горниот дел од табелата и обезбедување пласман во европските натпреварувања.

Интересно е што своето деби како прв тренер, Маркоски ќе го има токму на меѓународната сцена – во квалификациите за Конференциската лига.

Утрешниот ден ќе биде и неговиот прв работен ден во новата улога, кога треба да ја одржи првата прозивка на играчите и официјално да ги започне подготовките за новата сезона.

 

Работнички влегува во нов циклус со јасна визија и амбиции, а Бојан Маркоски добива можност да го покаже својот тренерски потенцијал на големата сцена.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

June 2025
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.