Работнички го доведе второто засилување за новата сезона и настапот во квалификациите за Конференциската лига. Тоа е Дашмир Елези, своевремено еден од најталентираните напаѓачи во македонскиот фудбал.
20-годишниот Елези доаѓа како слободен агент откако се раздели со косовскиот тим Приштина.
Дашмир Елези ги имаше своите почетоци во младинската школа на Шкендија, три сезони играше во првиот тим на актуелниот шампион, а потоа замина во Хрватска, носејќи го дресот на Локомотива Загреб.
По ова заигра за Приштина, а сега се враќа во македонскиот фудбал, потпишувајќи тригодишен договор со Работнички.