Флоријан Кадриу е најново засилување за Работнички

June 22, 2025

Работнички доби ново офанзивно засилување. Во редовите на тимот од Дебар Маало повторно ќе заигра Флоријан Кадриу, 29-годишниот напаѓач кој денес потпиша договор на една година со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона.

 

Искусниот Кадриу зад себе има богата кариера. покрај настапите во македонскиот шампионат, играше и во странство, конкретно во клубови од Албанија, Казахстан и Азербејџан. Последен клуб му беше Шкупи, а сега повторно ќе го облече дресот на Работнички.

Ова не е прво искуство на Кадриу со „романтичарите“, тој во 2017 година беше дел од клубот и одигра 14 натпревари.

 

Со неговото доаѓање, Работнички значително го засилува офанзивниот потенцијал пред европските предизвици. Тимот се подготвува за двомечот со белорускиот Торпедо-Белаз во квалификациите за Конференциската лига, каде што ќе се обиде да обезбеди пласман во следната рунда.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

September 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.