Јасмин Мециновиќ потпиша за Работнички

July 1, 2025

Дефанзивецот Јасмин Мециновиќ е новото засилување на Работнички. Тој ќе ја зголеми конкуренцијата во одбраната на тимот предводен од Бојан Маркоски, во пресрет на квалификациите за Конференциската лига и новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Мециновиќ пристигнува од Вардар, каде што ја мина минатата сезона.

34-годишниот стопер има богата кариера и настапувал за повеќе клубови во македонскиот шампионат, вклучувајќи ги Скопје, Пелистер, Струга Трим Лум, Хоризонт Турново, Ренова, Македонија ЃП и Беса. Покрај тоа, има искуство и во странство каде играл за Шериф Тираспол (Молдавија), Егри и Ломбард Папа (Унгарија), Согндал (Норвешка), Банантс (Ерменија), Мелака (Малезија), Трепча и Феризај (Косово), Нејмех (Либан), како и за Рудар Пљевља и Подгорица (Црна Гора).

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

July 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.