Работнички поразен (0-2) од Башкими на Арената во Скопје

August 16, 2025

Работнички доживеа пораз од Башкими (0-2) на првиот меч на домашен терен во новата сезона.

Натпреварот започна со иницијатива на тимот на Бојан Маркоски. Работнички прв ја имаше вистинската шанса уште во 13. минута кога Калани Алмеида шутираше од работ на шеснаесетникот, но Личина го спречи сигурниот погодок. Само неколку минути подоцна, истиот играч го затресе мрежата на Башкими, но радоста беше кратка, затоа што од ВАР-собата сигнализираа игра со рака на Робакидзе во акцијата и голот беше поништен.

По тој момент, Работнички продолжи да притиска, но и Башкими ја покажа својата подготвеност да одговори. Адекунле се закани со удар од далечина, а тоа беше најава за водството на гостите.

Во 36. минута, по мешаница во казнениот простор, топката се одби од дирекот по шутот со глава на Марко Симоновски, го погоди директно Робакидзе, кој несреќно ја испрати во сопствената мрежа за 0-1.

Работнички во второто полувреме тргна уште поофанзивно. Алмеида повторно беше во изгледна ситуација, Далеј и Николовски се обидоа со удари од дистанца, но голманот Амир Јашар со одлични интервенции го одржуваше водството на својот тим.

Натпреварот дефинитивно беше решен во 78. минута. Марко Симоновски најпрво се закани со удар со глава, а само една акција подоцна Мемети успеа да ја затресе мрежата на Васко Василев и да го зголеми водството на 0-2.

До крајот, Работнички се обидуваше да најде пат до голот, но Башкими зрело ја контролираше играта и стигна до трите бода.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

October 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.