Пораз на Работнички во Кратово

September 13, 2025

Работнички загуби со 3-1 на гости против Силекс во Кратово во петтото коло од Првата МФЛ. Со ова, новиот тренер на Работнички, Алпарслан Ердем, дебитираше со пораз.

Натпреварот започна лошо за домашните, откако голманот Љупчо Џеков се повреди во 20. минута по судир со Трајков и мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Даниел Божиновски.
Работнички имаше убава можност во 32. минута преку Флоријан Кадриу, кој ја имаше празната мрежа, но од тешка позиција не успеа да погоди.

Силекс поведе во финишот на првиот дел. Во 43. минута, Хрвановиќ одлично реагираше на центаршут од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Василев за 1-0.

Кратовци зголемија на 2-0 во 61. минута. Анѓелески го проигра Ади Алиќ, кој со прецизен удар ја реализираше шансата.

Работнички успеа да се врати во игра во 79. минута, кога по ВАР интервенција беше досуден пенал за старт над Калани Алмеида. Џелил Асани беше прецизен од белата точка и намали на 2-1.

Сепак, во самиот финиш, Силекс стави печат на победата. Давид Матески постигна гол кој првично беше поништен поради офсајд, но по преглед на ВАР ситуацијата, погодокот беше признат за конечни 3-1.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

September 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.