Работнички поразен од Брера (3-4) на Арената

September 28, 2025

На Арената „Тодор Проески“ во главниот град се одигра вистинска фудбалска гоелада. Работнички и Брера приредија спектакуларен меч исполнет со многу емоции, пресврти и неизвесност, а гостите од Струмица остварија минимален триумф со 3-4.

Брера тргна офанзивно и уште во петтата минута преку Филип Михаилов ја казни невнимателноста на домашната одбрана и со прецизен удар донесе водство.

Работнички брзо се врати во игра. Во 27. минута, Флоријан Кадриу покажа вистинска класа – го заобиколи голманот Вргов и израмни на 1-1.

Сепак, финишот на првиот дел му припадна на Брера. По консултација со ВАР, судијата досуди пенал, а Ричард Нзенгуе сигурно реализираше во 42. минута. Веднаш потоа, Наумчески со силен удар со глава ја зголеми предноста на 1-3, носејќи им мирна предност на струмичани пред паузата.

Во второто полувреме Работнички излезе поагресивно. Трајков погоди, но голот беше поништен поради игра со рака.

Сепак, во 72. минута домашните добија пенал, а Демир Имери со сигурна реализација намали на 2-3 и внесе нова енергија.

Само три минути подоцна Брера одговори — повторно Нзенгуе ја искористи грешката на Василев и погоди за 2-4.

Работнички не се предаде. Во 78. минута Демир Имери со мајсторски слободен удар намали на 3-4, носејќи нова доза возбуда.

До самиот крај домаќините напаѓаа со сите сили, но Брера успеа да ја сочува предноста и да си замине од Скопје со вредни три бода.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.