ФК Работнички ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бобан Бабунски.

Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина.
ФК Работнички во најбрз можен рок ќе донесе одлука за нов шеф на стручниот штаб кој ќе ја добие довербата да работи со сениорскиот тим во продолжение од првенството.






