Работнички со минимален пораз од Шкендија

December 1, 2025

Работнички загуби со 1-0 од Шкендија во Тетово, во последниот натпревар од 15. коло во Првата фудбалска лига. И по овој меч, Работнички не успеа да напредне резултатски и останува на претпоследното место со седум освоени бода.

Шкендија поведе во петтата минута. Трумчи од десната страна уфрли во шеснаесетникот, а Фабрис Тамба со силен удар малку откосо од десната страна ја затресе мрежата на Работнички.
Во 25.минута, Бесарт Ибраими имаше голема шанса за удвојување на предноста, го мина и голманот Васко Василев, но на гол-линијата спаси дефанзивецот Јасмин Мециновиќ.

Работнички можеше да дојде до израмнување во 40.минута, кога Демир Имери шутираше откосо од десната страна. Но, Гаје успеа да одбрани и исфрли во корнер.

Шкендија замина одмор со минимална предност.

Во вториот дел, домаќинот како да го загуби здивот, а Работнички тргна по израмнување.

Во 65.минута, Флоријан Кадриу беше проигран во противнапад, шутираше од работ на шеснаесетникот, но Гаје одбрани.

Имери потоа се обиде од слободен удар, но го погоди само живиот ѕид.

Во 87.минута, Кадриу постигна гол за Работнички, но не беше признат, затоа што во текот на акцијата Далеј беше во офсајд ситуација.

На крајот, Шкендија успеа да го сочува минималното водство и освои важни три бода.

 

 

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.