Работнички и Вардар ќе бидат домаќини во претстојното 27. коло од Првата фудбалска лига, а како што е познато двете екипи традиционално ги играат своите натпревари на Арената „Тодор Проески“.
За да се избегне преклопување, беше направен избор – Работнички доби предност и ќе го пречека шампионот Струга на најголемиот стадион во државата.
Вардар, пак, ќе го одигра својот дуел против Тиквеш на теренот „Петар Милошевски“, во комплексот на ФФМ.
Натпреварот меѓу Работнички и Струга Трим Лум е закажан за в недела, со почеток во 16 часот.