Директор на младинската академија – Горан Станиќ
Генерација | Тренер | |
---|---|---|
2005′ | Баже Лазаревски | |
2006′ | Саше Божиновски | |
2007′ | Александар Максимов | |
2008′ | Шабан Сулејман | |
2009′ | Драги Стојановски | |
2010′ | Синиша Лучиќ | |
2011′ | Влатко Спасовски | |
2012’/2013’/2014′ | Цено Александровски/Стојан Игњатов | |
2015’/2016′ | Нико Този | |
Координатор | Томислав Франц |
Заедно со формирањето на спортското друштво, а во него како главен елемент фудбалскиот клуб, Работнички се насочи кон младите и децата и нивниот фудбалски и воопшто спортски развој.
Денес 78 години подоцна околу тристотини деца и младинци своите фудбалски вештини ги учат и покажуваат во пионерско – младинските категории, според својата возраст, на терените на ФК Работнички во Градски Парк.
Совладувајќи ја фудбалската азбука, тие паралелно под водство на спортските педагози се формираат во спортски и пред се интелектуални личности. Оваа макотрпна работа има потреба од многу големо трпение, посветеност, љубов, откажувања, разбирање, а треба да се организира на најдобар можен начин, зошто на терените не се создаваат само фудбалери туку пред се спортисти и луѓе.
„Одгледувањето“ фудбалери е тешка и макотрпна работа, но резултатот и добивката од тоа се од непроценлива важност. ФК Работнички може слободно да се пофали со одлично функционирање на својата фудбалска школа, бидејќи од неа секоја година излегуваат фудбалери кои се пример за фудбалско знаење, но и личности кои се омилени во своите животни средини.
Фудбалската академија на Работнички неретко е важен гостин и на останатите школи во државата, како и надвор од неа. Речиси и да нема фудбалски турнир во Македонија за младинските категории на кој Работнички не зазема место или турнир од каде не се вратил без освоен медал за освоено прво, второ или трето место. Неретко школата добива повикани за настап на меѓународни турнири во Србија, Словенија, Бугарија, БиХ, Франција, Холандија…. каде што освен што се надигруваат со своите врсници, учат и се запознаваат со работата на тие школи.
Безброј фудбалери од школата на Работнички денеска се столбови на тимовите во кои настапуваат или заминуваат во странски клубови каде продолжуваат со нивната фудбалска надградба, а подоцна своите квалитети ги ставаат и во служба за успеси на репрезентацијата. Нема кој не слушнал за Баже Илијоски, Филип Маџовски, Филип Ивановски, Филип Дурански, Виктор Ангелов, Ѓорѓи Стојановски, Никола Богоевски, Владо Тодоровски, Благоја Димитровски, Владимир Тунески, и многу други кои се само мал процент на фудбалери кои своите први фудбалски чекори ги направиле на терените во Градски Парк.
На два фудбалски терени по сите стандарди на УЕФА и ФИФА и најмодерен терен со вештачка трева кој има ФИФА одобрение, а под будното око на професионални тренери со А, Б и ПРО – лиценци, околу тристотини деца денеска ги учат своите први фудбалски чекори и дриблинзи во Академијата на Работнички.
Фудбалската школа на Работнички од пред неколку години е тесно поврзана со фудбалската школа на еден од најреномираните фудбалски клубови во светот, Милан од Италија. Соработката со школите на ФК Партизан и ФК Војводина од Србија секоја година се обновуваат и продлабочуваат, а екипи од школите редовно играат пријателски и турнирски натпревари. Заедно со Град Скопје, ФК Работнички организира и фудбалски турнир за најмладите категории фудбалери секоја година на своето игралиште.
Категоризирани според годината на раѓање т.е. генерацијата, ФК Работнички и неговите екипи редовно се натпреваруваат во лигите кои се во организација на Фудбалската федерација на Македонија и Детската фудбалска асоцијација.
Поз | Екипа | Н | П | Р | И | Б |
---|---|---|---|---|---|---|
2 | Шкупи | 18 | 11 | 5 | 2 | 38 |
3 | Шкендија | 18 | 10 | 5 | 3 | 35 |
4 | Силекс | 18 | 7 | 6 | 5 | 27 |
5 | Гостивар | 18 | 6 | 6 | 6 | 24 |
6 | Работнички | 18 | 7 | 2 | 9 | 23 |
7 | Тиквеш | 18 | 7 | 3 | 8 | 22 |
8 | Брера | 18 | 5 | 5 | 8 | 20 |
9 | Воска | 18 | 5 | 5 | 8 | 20 |
10 | Македонија ЃП | 18 | 5 | 3 | 10 | 18 |
11 | Брегалница | 18 | 4 | 5 | 9 | 17 |