Потпишан двегодишен договор со Црногорецот Момчило Рашо
Работнички ги засили своите редови за новата сезона со 19-годишниот црногорски интернационалец Момчило Рашо, кој доаѓа од екипата на ФК Дечиќ.
Раководството на клубот се договори за двегодишна идна соработка со Рашо кој ќе ја засили дефанзивната линија на тимот.
„Работнички продолжува со ангажман на млади фудбалери, сега дополнително засилувајќи ја одбранбената линија за новата сезона со црногорскиот интернационалец. Задоволни сме од стартот на новата сезона во домашниот шампионат, но секако и со новите ангажмани размислуваме околу зголемувањето на конкуренцијата во тимот за престојното првенство“ – истакна по промоцијата на новиот фудбалер, спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.