Работнички ги намести нишаните (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Продолжува првенството, а за претстојните натпревари потребни се наместени нишански справи. Тренерот Виктор Треневски одлучи тимот да замине на тим – билдинг за да се наместат нишаните со „Ласер таг“. Убаво дружење, но и значајна тимска активност пред продолжението од првенството.
Работнички в сабота (14.30 часот) ја пречекува Македонија ЃП на арената „Филип Втори“ во мечот од десеттото коло во Првата фудбалска лига.