Стојанче Стојанов ќе го суди мечот Ренова – Работнички
Работнички в недела ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Ренова во рамките на 12.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Натпреварот започнува во 13.30 часот, а одредени се и официјалните лица за овој меч.
Главен судија на натпреварот ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, а ќе му помагаат Игор Ширилов (Скопје) и Саше Тошевски (Скопје). За четврти судија на овој меч е одреден Јосип Бартон (Скопје).
Делегат на натпреварот е Ален Жута (Струга), а контролор на судењето, Драге Стојановски (Куманово).