Мечкаровски ќе го суди натпреварот Работнички – Пелистер
Работнички ќе биде домаќин на Пелистер в сабота (5.ноември) во 13.30 часот на арената „Филип Втори“, во рамките на 13.првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се и службените лица за овој натпревар.
Правдата на овој дуел ќе ја дели главниот судија Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески (сите од Скопје). Четврти судија ќе биде Бојан Иваноски (Скопје). Дополнителни судии зад голот се Никола Костенчев (Скопје) и Дарко Стојчевски (Скопје).
За делегат на овој натпревар е одреден Сретан Милосовски (Пробиштип), додека контролор на судењето е Зоран Јосифов (Кавадарци).