Јакимовски на центарот за дербито против Шкендија во Тетово
Работнички в недела од 13 часот во Тетово го очекува уште еден дерби натпревар, по оној од изминатиов викекд кога на „Телеком арена“ убедливо со 3-0 славевме против шампионот Вардар.
Сега, „романтичарите“ гостуваат на тетовска Шкендија на дуелот на кој правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски од Скопје, а ќе му помагаат Никола Караколев од Штип и Игор Ширилов од Скопје. Четврти судија ќе биде Мервин Топојани од Скопје, а дополнителни судии Константин Влахо (Скопје) и Никола Костенчев (Скопје).
За делегат на овој натпревар е одреден Александар Златаревски од Скопје, додека контролор на судењето ќе биде Зоран Јосифов од Кавадарци.