Мечкаровски ќе го суди мечот Работнички – Победа, в среда во Скопје
Забрзаниот ритам во Првата фудбалска лига наложува Работнички веќе в среда да одигра нов првенствен натпревар, а во рамките на 17.коло на „Телеком Арена“ во Скопје ќе ја пречека Победа. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 13 часот, а главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.
На Мечкаровски ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески, а четврти судија ќе биде Дарко Стојчевски (сите од Скопје).
За делегат на овој натпревар е одреден Илија Панов од Струмица, а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев од Штип.
Работнички го очекува 17.првенствено коло од четвртата позиција на табелата, додека Победа се наоѓа на осмото место со 15 освоени бода.