Шестмина членови на Работнички во изборот на Ангеловски и на Милевски
Работнички ќе биде застапен со шест свои членови на селективните натпревари меѓу А-репрезентацијата на Македонија и селекцијата до 21 година, што ќе се одиграат на 12. и на 14. декември на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров. Четворица фудбалери од нашиот клуб се најдоа на списокот на селекторот на А-тимот, Игор Ангеловски, додека двајца се и на списокот Благоја Милевски за репрезентацијата до 21 година.
Во А-тимот се повикани Дамјан Шишковски, Бојан Најденов, Душко Трајчевски и Кире Маркоски.
За репрезентацијата до 21 година повик добија Ристо Јанков и Елиф Елмас.