Анталија и сè е поинаку: Одлични услови, тимот го одработи првиот тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Работнички од вчера е во Анталија, каде ќе биде реализирана втората фаза од зимските подготовки. Турскиот туристички центар нуди фантастични услови за престој и за работа, а шефот на стручниот штаб Виктор Треневски заедно со фудбалерите ќе се потрудат да ги искористат на најдобар можен начин.
Тимот утринава го одработи првиот тренинг, ќе се работи напорно, а во наредните денови ќе бидат одиграни и договорените пријателски натпревари.