Реми без голови против МТК
Работнички ремизираше без голови против унгарскиот прволигаш МТК на третиот пријателски натпревар одигран на подготовките во Анталија. Избраниците на Виктор Треневски одиграа цврсто во одбраната, беа рамноправен ривал, но овојпат не успеаја да ја затресат противничката мрежа, како на тестовите со Днипро и со Терек Грозни.
Во првиот дел, Филип Ивановски ја имаше најсериозната закана кон голот на МТК, а за унгарскиот тим се закани Варга.
Во второто полувреме, шанса во тимот на Работнички добија Суад Сахити и Емир Сахити, како и младиот Марио Станковски, кои ја раздвижија играта во навалната линија, но, сепак, погодок изостана.
МТК имаше закана преку Корожман, но без успех.
РАБОТНИЧКИ – МТК 0-0
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Трајчевски, Најденов, Елмас, Дурански, Маркоски, Ивановски. Уште играа: С. Сахити, Е. Сахити, Најдовски, Садики, Борха, Станковски.
МТК: Гропиони, Окука, Вукмир, Гргиќ, Форгаш, Катона, Никази, Корожман, Шатмари, Хрепка, Варга.