Работнички ги заокружи подготовките во Анталија, се враќа дома
Тимот на Работнички ги одработи планираните подготовки во Анталија и денеска се враќа во Скопје, каде ќе следи глазура на формата за пролетниот дел од шампионатот на Македонија. Во Анталија имавме одлични услови за работа, кои се искористени на најдобар можен начин, за подобрување на физичките способности на фудбалерите, но и за воигрување на составот и за проверка на формата преку одигрување на пријателски натпревари.
Работнички одигра три пријателски натпревари во Анталија, победувајќи ги украинскиот тим Днипро (3-2) и рускиот клуб Терек Грозни (2-0), а ремизираше без голови против унгарскиот прволигаш МТК (0-0).