Последниот тест против Крупа, в сабота во Ѓорче Петров
Работнички в сабота, со почеток од 13 часот, ќе го одигра последниот пријателски натпревар во текот на зимските подготовки против босанскиот прволигаш Крупа. Мечот ќе се одигра на игралиштето со вештачка трева во Ѓорче Петров, кое го носи името „Македонски лавови“.
Дуелот со Крупа ќе биде и „генералка“ за избраниците на тренерот Виктор Треневски во пресрет на стартот на пролетниот дел од шампионатот на Македонија. Во првото пролетно коло, Работнички ќе и гостува на Македонија ЃП.