Триумф над Крупа (2-1) на последниот тест пред стартот на пролетта
Работнички оствари триумф од 2-1 над босанскиот прволигаш Крупа во последниот пријателски натпревар пред почетокот на пролетниот дел од првенството во Македонија. На игралиштето со вештачка трева во Ѓорче Петров, во нервозна и на моменти груба игра, Работнички стигна до победа со двата гола на Бојан Најденов во второто полувреме.
Крупа поведе со голот на Љубеновиќ во првиот дел, а Работнички иако имаше неколку можности, сепак, не успеа да ги искористи. Но, во второто полувреме се случи пресвртот. Бојан Најденов израмни со удар од балата точка, а потоа постигна уште еден погодок од слободен удар.
Тренерот Виктор Треневски на овој натпревар им укажа шанса на следните фудбалери: Божиновски, Силјановски, Рашо, Митрев, Херера, Најденов, Трајчевски, Дурански, С. Сахити, Демир, Ивановски. Уште играа: Шишковски, Садики, Борха, Најдовски, Стојановски, Наумчевски, Ацковски, Кудијан, Станковски, Е. Сахити.