Црногорецот Иван Вуковиќ потпиша за Работнички
Црногорскиот интернационалец Иван Вуковиќ е најново засилување за Работнички. По ангажманот на македонскиот репрезентативец Ванче Шиков, раководството на клубот успеа да доведе нова аквизиција и за нападот. Вуковиќ е искусен напаѓач, кој стави потпис на едногодишна верност кон нашиот клуб и веднаш се става на располагање на тренерот Виктор Треневски.
Иван Вуковиќ, кој има 30 години, својата кариера ја почна во Зета, играше и за Будуќност, Хајдук Сплит, Сеонгнам, ОФК Београд, Младост Подгорица и за Макаби Нетанја.