Спортскиот директор на Работнички доби ќерка
Радосни вести во ФК Работнички пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Спортскиот директор Иван Поповски стана татко на ќерката Исидора. Посебно горд е и претседателот на клубот, Драган Поповски, кој за првпат стана дедо.
Фудбалскиот колектив на Работнички упатува честитки за приновата во семејството на нашиот спортски директор.