Трансферот на Емир Сахити во Динамо Загреб одложен за јуни
Фудбалерот на Работнички, Емир Сахити, останува во нашите редови до крајот на сезоната. Трансферот во Динамо Загреб е одложен за летниот преоден рок, откако на денешните медицински прегледи во Загреб е утврдено дека играчот за врска има скриена повреда на скочниот зглоб и истата треба во целост да биде санирана со хируршка интервенција.
Трансферот ќе биде реализиран во летниот преоден рок, кога Емир Сахити треба да се пресели во Динамо Загреб.