Трајчевски: Посакуваме успешен пролетен старт
Уште два дена остануваат до стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија. Работнички во 19.коло ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП.
Капитенот Душко Трајчевски вели дека тимот е подготвен за пролетните искушенија и очекува пролетниот старт во Ѓорче Петров да биде успешен.
„Подготвени сме, желни за фудбал и почеток на пролетниот дел од првенството. Зимските подготовки ги реализиравме на најдобар можен начин, а сега фокусот ни е веќе насочен кон неделниот дуел со Македонија ЃП. Нема да биде лесно, домаќинот се бори за опстанок, но ние веруваме во нашите квалитети. Добивме и значајни засилувања оваа зима, тимот е засилен, па очекувам да се претставиме во светло издание. Одиме на триумф, бодовите ни се потребни, нашата цел е да излеземе во Европа и оваа сезона“, вели Душко Трајчевски.