Јосип Бартон ќе го суди мечот Шкупи – Работнички
Работнички в недела со почеток во 14 ќасот ќе гостува на Чаир и во рамките на 20.коло од Првата фудбалска лига ќе игра против Шкупи. Одредени се и официјалните лица за овој натпревар.
Натпреварот ќе го суди Јосип Бартон (Скопје), а ќе му помагаат Небојша Ѓорѓијевски (Брвеница) и Дарко Јовчевски (Тетово). Четврти судија е Фатон Мустафи (Тетово).
За делегат на овој натпревар е одреден Џевдет Далипи (Кичево), а контролор на судењето е Мијалчо Михаилов (Лозово).