Реми без голови против Ренова
Работнички одигра реми без голови против Ренова на „Телеком Арена“ во рамките на 21.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. И покрај тоа што немаше погодоци, тоа беше интересен натпревар. Сепак, и двете екипи затаија со реализацијата.
Ренова прва имаше можности преку Јусуфи, но тој не беше прецизен. Кон крајот на првото полувреме, Арџент Гафури имаше одлична шанса за водство, но од десната страна го погоди дирекот, а и Божиновски добро го затвори својот гол.
Во второто полувреме, Работнички имаше одлична шанса во 69.минута. Филип Ивановски доби топка по левата страна во шеснаесетникот, шутираше откосо, но Хаџо со нога ја одбрани топката, а таа потоа удри во дирекот. На одбиената топка натрча Иван Вуковиќ, но од непосредна близина не успеа да ја смести во мрежата.
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0
„Телеком Арена“ во Скопје. Гледачи: 300. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Ж. картони: Силјановски (Работнички), Велија, Усеини, Јусуфи (Ренова).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Шиков, Херера, Најденов, Трајчевски, Елмас, С. Сахити (85’ Најдовски), Вуковиќ (77’ Борха), Ивановски.
РЕНОВА: Хаџо, Мишковски, Незири, Абдула, Велија, Усеини, Јусуфи (83’ Садики), Нухи, Велинов, Петковски (72’ Рамадани), Гафури.