Ставрев ќе го суди натпреварот Работнички – Силекс
Работнички в сабота на „Телеком Арена“, со почеток во 14 часот, го пречекува Силекс во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој дуел.
Александар Ставрев од Скопје ќе го суди натпреварот меѓу Работнички и Силекс, а ќе му помагаат Марјан Кировски (Скопје) и Дејан Костадинов (Скопје). Четврти судија е Милош Милошевиќ (Скопје), а судии зад голот се Дарко Стојчевски (Скопје) и Марјан Младеновски (Скопје).
За делегат на овој натпревар е одреден Ајетали Дервиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).