Треневски: По триумфот со Пелистер, да одговориме и на предизвикот наречен „Силекс“
Работнички оствари триумф над Пелистер во минатото коло, но веќе утре (14 часот) следи нов предизвик. Тимот на Виктор Треневски го пречекува Силекс на „Телеком Арена“, меч што исто така е мошне значаен во разврската за позициите кои носат излез на европска сцена. Шефот на стручниот штаб се надева дека неговиот тим ќе одговори соодветно и на претстојниот предизвик.
„Ова е многу специфичен меч, на кој очекувам тимот да одговори на предизвикот. Нема да влијае тука ниту традицијата, туку едноставно желбата да се стигне до бодовите. Треба да одиграме на високо ниво, како и претходниот меч со Пелистер во Охрид, и во таков случај можеме да се надеваме на позитивен исход. Секако, играме на домашен терен, ќе се обидеме тоа да го искористиме, но исто така и имаме максимален респект за противникот“, изјави Виктор Треневски.