Елиф Елмас стрелец за Македонија на пријателскиот меч со Црна Гора
Фудбалерот на Работнички, Елиф Елмас, беше стрелец на првиот гол за фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, на денешниот пријателски натпревар против Црна Гора (2-0). Елмас во 31.минута изведе вистинска бравура, откако доби топка од Дориан Бабунски. Тој на одличен начин се ослободи од противничките фудбалери и го погоди противничкиот гол.
На овој пријателски натпревар во второто полувреме шанса доби уште еден фудбалер на Работнички, Бенјамин Демир.