ФК Работнички учествуваше на Генералното собрание на ЕКА во Атина
Фудбалскиот клуб Работнички беше учесник на Генералното собрание на ЕКА (Европска Асоцијација на клубови) во Атина, каде беа присутни претставници на повеќе од 150 клубови од цела Европа. Нашиот клуб беше претставен од генералниот секретар Ненад Монев, а од Македонија учествуваше и ФК Вардар. На собранието меѓудругото се дискутираше за идните планови во европскиот фудбал, за следните два четиригодишни циклуси.
На Генералното собрание на ЕКА беа присутни и Звонимир Бобан и Марко ван Бастен, советниците на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како и Џорџо Маркети, директорот за натпреварувања во УЕФА.