Шиков, Трајчевски, Шишковски, Елмас…дел од репрезентативните победи
Фудбалерите на Работнички имаа активни настапи за македонските рептезентативни селекции во денешните победи на пријателските натпревари. Младата репрезентација до 21 година ја совлада Бугарија со 1-0, а во тимот на Благоја Милевски во второто полувреме настапија Дамјан Шишковски и Елиф Елмас.
Во А – репрезентацијата на Македонија, која беше убедлива против Белорусија и победи со 3-0, настапија Ванче Шиков и Душко Трајчевски. На клупата како асистент на селекторот Ангеловски беше и Милан Илиевски, првиот соработник на Виктор Треневски.
Од утре тимот на Работнички се комплетира во пресрет на неделното дерби со Вардар.