Препливана и Брегалница (3-1)
Работнички оствари триумф над Брегалница со 3-1 на „Телеком Арена“ и се зацврсти на третата позиција на табелата во Првата лига. По 27 одиграни кола, сега нашиот тим има 46 бода, девет повеќе од Пелистер, кој се наоѓа на четвртата позиција.
Капитенот Душко Трајчевски уште во четвртата минута донесе водство. Се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник по уфрлувањето на Елиф Елмас од левата страна и го совлада Кобетиќ. Во 17.минута, веќе беше 2-0 за Работнички.
Елмас го проигра Суад Сахити, кој влезе во шеснаесетникот, шутираше откосо од левата страна, топката ја удри и Коцев и отседна во мрежата на Брегалница.
На стартот на второто полувреме, Суад Сахити уште еднаш ја искористи својата брзина. Доби топка, влезе во шеснаесетникот, шутираше откосо од десната страна, и го надмудри Кобетиќ.
Брегалница постигна почесен погодок во 75.минута, кога Лазар Илиев по еден противнапад шутираше од 15 метри и го совлада Шишковски.
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 3-1 (2-0)
Телеком Арена во Скопје. Гледачи: 300. Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). Стрелци: Трајчевски 4’, С. Сахити 17’, 53’ (Работнички), Илиев 75’ (Брегалница). Ж. картони: Трајчевски (Работнички).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Шиков, Садики, Херера, Трајчевски (69’ Ацковски), Најденов (82’ Ивановски), Елмас (78’ Борха), Дурански, С. Сахити, Вуковиќ.
БРЕГАЛНИЦА: Кобетиќ, Коцев (55’ Илиев), Стојанов, Ѓорески, Ристовски, Вучетиќ, Ранџеловиќ, Велковски, Георгиев, Здравков, Наумов (63’ Илиќ).