Дуелот со Македонија ЃП в сабота, на „Телеком Арена“
Работнички во претстојното 28.коло од Првата фудбалска лига ќе ја пречека Македонија ЃП, а мечот официјално е закажан за в сабота (22.април). Натпреварот ќе се одигра на „Телеком Арена“, со почеток во 16 часот.
Во пресрет на овој дуел, Работнички е третопласиран на табелата со 46 освоени бода, додека Македонија ЃП грчевито се бори за опстанок и во моментот е на последната позиција, со 18 освоени бода.